WWW.INFO.Z-PDF.RU
БИБЛИОТЕКА  БЕСПЛАТНЫХ  МАТЕРИАЛОВ - Интернет документы
 


«1000 Скопје, Македониja Телефон:(+389 2) 2 314 5258 Е-маил:info Веб страна:Можност за финансирање тип 1 Можности за ...»

Фонд за иновации и технолошки развој на Република Македонија

Адреса:бул.Гоце Делчев бб,

1000 Скопје, Македониja

Телефон:(+389 2) 2 314 5258

Е-маил:info@fitr.mk

Веб страна:http://www.fitr.mk

Можност за финансирање тип 1

Можности за финансирање: Деловно–технолошки акцелератор е субјект за давање инфраструктурна поддршка на иновациска дејност (според Законот за иновациска дејност), чија основна дејност е ставање на располагање деловен простор, административни и технички услуги, менторство и обука, консултантски услуги, обезбедување почетно финансирање и давање стручна помош за надминување на организациските и на стратегиските пречки на претпријатијата во основање („старт-ап“ компании), вклучувајќи го периодот на развивање на деловната идеја, па с до основањето и почетното дејствување на „старт-ап“ компанијата, како и нејзиниот раст.

Таргет група: Микро, мали и средни претпријатија од сите стопански гранки се подобни да аплицираат за средства под овој инструмент

Обем на инвестицијата: Фондот обезбедува финансирање до 85% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 евра

Времетраење: Проектите во рамките на овој инструмент ќе траат 12 месеци, со можност за продолжување за најмногу 6 месеци.

Повраток на средствата:

Повраток на средства односно (ројалти-плаќање) се врши по успешна комерцијализација, приходите добиени од продажбата на производот/услугата или некој друг последователен производ/услуга врз основа на технологијата развиена во рамките на проектот финансиран од страна на Фондот, ќе станат основа за плаќање ројалти кон Фондот.

Секое плаќање ројалти ќе се врши по стапка од 5% од годишниот приход добиен од продажба на производот/услугата кои се резултат на проектот, с додека не се оствари поврат на 120% од износот на финансирање добиен од Фондот или за период од 5 години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов прво е постигнат.

Можност за финансирање тип 2

Можности за финансирање: Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) с до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

Таргет група: Микро, мали и средни претпријатија од сите стопански гранки што сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност.

Обем на инвестицијата: Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100.000 евра.

Преостанатиот износ од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

Времетраење: Времетраењето на проектите финансирани преку овој Инструмент може да биде до 24 месеци. Под оправдани околности, проектите можат да бидат продолжени за дополнителни 12 месеци по претходно одобрение на Фондот.

Форми на финасирање:

Финансирањето преку овој инструмент може да биде во форма на кофинансиран грант или во форма на условен заем, во зависност од големината на апликантот. Притоа се применуваат следниве услови:

Финансирањето за претпријатија со годишен приход до 500.000 евра во претходните две години е во форма на кофинансиран грант,

Финансирањето за претпријатија со годишен приход над 500.000 евра во претходните две години е во форма на условен заем.





Финансирањето во форма на условен заем подразбира иницијално доделување средства на корисниците во форма на заем со можност, доколку корисникот ги исполни условите поставени од Фондот, дел од износот на заемот да биде конвертиран во кофинансиран грант.

Максималниот износ кој може да биде доделен во форма на заем не може да надмине 30% од вкупниот капитал на апликантот.

Условниот заем ќе биде отплатен во рок од 5 години по завршувањето на проектот. Корисниците кои користат условни заеми ќе плаќаат фиксна каматна стапка од 2%.

Повраток на средствата:

Повраток на средства односно (ројалти-плаќање) се врши по успешна комерцијализација, приходите добиени од продажбата на производот/услугата или некој друг последователен производ/услуга врз основа на технологијата развиена во рамките на проектот финансиран од страна на Фондот, ќе станат основа за плаќање ројалти кон Фондот.

Секое плаќање ројалти ќе се врши по стапка од 5% од годишниот приход добиен од продажба на производот/услугата кои се резултат на проектот, с додека не се оствари поврат на 120% од износот на финансирање добиен од Фондот или за период од 5 години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов прво е постигнат.

Можност за финансирање тип 3

Можности за финансирање: Целта на овој Инструмент е да се поттикне трансфер и имплементација на нови иновативни и подобрени технологии, know-how и технолошки процеси и да се охрабрат различни форми на соработка помеѓу микро, малите и средни претпријатија, бизнис здруженија, кластери и/или стопански комори, со цел да се постигне позитивно влијание на секторот. Инструментот се фокусира на примена и приспособување на технологија и иновациии кои не се нови во светот, но може да бидат нови за земјата или нови во секторот.

Таргет група:

поединечни апликанти (микро, мали и средни претпријатија од сите сектори),

партнерства меѓу микро, мали и средни претпријатија, установи кои вршат научноистражувачка и/или високообразовна дејност, кластери, бизнис здруженија, стопански комори и др.

конзорциуми составени од микро, мали и средни претпријатија, установи кои вршат научноистражувачка и/или високообразовна дејност, кластери, бизнис здруженија, стопански комори и др.

Обем на инвестицијата: Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 50% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 200.000 евра.

Преостанатиот износ од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

Времетраење: Времетраењето на проектите финансирани преку овој Инструмент може да биде до 24 месеци. Под оправдани околности, проектите можат да бидат продолжени за дополнителни 12 месеци по претходно одобрение на Фондот.

Повраток на средствата:

Повраток на средства односно (ројалти-плаќање) се врши по успешна имплементација на технологијата/know-how/процесот кој произлегува од проектот, сите микро, мали и средни претпријатија кои се директни или индиректни корисници од проектот финансиран од страна на Фондот се должни да платат ројалти на Фондот.



Похожие работы:

«СПИСОК руководителей органов государственной власти (министерств, ведомств) и государственных организаций Туркменистана (по состоянию на 11.01.2014г.) Кабинет Министров Бердымухамедов Гурбангулы Мяликгулыевич –...»

«Анастасия Гуляева 06.05.1986 Ленская, 8/1-62, 195426 Санкт-Петербург, gulyaevaanastasiya@gmail.com Телефон: 8.921.411.12.06Образование: 2012дистанционное обучение по программе "Английский для специальных целей", США, Орегон, Институт изучения американско...»

«МIНIСТЭРСТВА АДУКАЦЫIРЭСПУБЛIКI БЕЛАРУСЬ МИНИСТЕРСТВО ОБРАЗОВАНИЯРЕСПУБЛИКИ БЕЛАРУСЬ вул. Савецкая, 9, 220010, г. Мiнсктэл. 327-47-36, факс 200-84-83 E-mail: root@minedu.unibel.by ул. Советская, 9 220010, г. Минск тел. 327-47-36, факс 200-84-83 E-mail: root@minedu.unibel.by 01.07.2016 № 07-20/...»

«БРИФТЕХНИЧЕСКОЕ И ТВОРЧЕСКОЕ ЗАДАНИЕ НА ПРОИЗВОДСТВО РЕКЛАМНОГО РОЛИКА Компания/Бренд   Название ролика   Слоган Сроки исполнения   Дата исполнения   Контактное лицо:   Телефон:   Факс:   E-mail:   WWW:  Предполагаемый хронометраж:   мин.   сек....»

«ДОГОВОР организации погрузочно-разгрузочных работ № _/13 г. Королёв 2013 гПредприятие, именуемое в дальнейшем "Заказчик", в лице генерального директора, действующего на основании Устава с одной стороны, и ООО "САМПО", именуемое в дальнейшем "Исполнитель", в лице Ген...»

«"УТВЕРЖДАЮ" Первый заместитель генерального директора главный инженер – Председатель ЦЗО АО "Янтарьэнерго" Копылов В.А. "" 2017г. ИЗВЕЩЕНИЕ о проведении закупки у единственного (подрядчика) на право заключения д...»

«ООО Л.С.Д. Логистика Снабжение Доставка ИНН 5906119371 ОГРН 1135906001604 Адрес производства: 614065, г. Пермь, ул. Шоссе Космонавтов, 304а Тел: 277 59 44, +7 902 646 0601 Эл. адрес: lsd-perm@mail.ruПрайс-лист на изделия столярного цехаБРУСОК ОТДЕЛОЧНЫЙ. Производим из хвойных и лиственных...»

«Приложение 2 Информация о ходе реализации национальных проектов, включенных в Национальную стратегию устойчивого развития Кыргызской Республики на период 2013-2017 годы Таблица 1. Инвестиционные проекты в агропромышленном комплексе (2013-2017 гг.) № п/п Наименова...»

«Требования к содержанию плана-конспекта План-конспект урока должен включать в себя ЭОР, размещенные как в федеральных коллекциях: ФЦИОР http://www.fcior.edu.ru и ЕК ЦОР http://school-collection.edu.ru, так и на других интернет-ресурсах, при этом, их использование должно быть обосновано.В плане-конспекте урока должны быть указа...»








 
2018 www.info.z-pdf.ru - «Библиотека бесплатных материалов - интернет документы»

Материалы этого сайта размещены для ознакомления, все права принадлежат их авторам.
Если Вы не согласны с тем, что Ваш материал размещён на этом сайте, пожалуйста, напишите нам, мы в течении 2-3 рабочих дней удалим его.